50 години постоење на Институтот за социологија при УКИМ, кои социолошки и општествени проблеми ја мачат Македонија? Повисоките плати, подобри услови за живот, подобар образовен систем се дел од причините за иселувањето на младите од земјава.
Институтот за социологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје одбележува значаен, 50-годишен јубилеј со меѓународна научна конференција, на која учествуваат приближно 30 експерти од земјата и од странство.