Државната безбедност не била загрозена со неговата изјава дека американски воени авиони ги користат македонските аеродроми како логистичка точка на пат кон Персискиот Залив, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Владата, отфрлајќи го новинарското прашање како „несмасно, ...
СДСМ го обвини вицепремиерот Иван Стоилковиќ дека со промовирањето поблиска економска и инвестициска соработка со Кина работи спротивно на евроатлантските приоритети на Македонија и ја засилува, како што велат од партијата, руската и кинеската агенда во земјава.
Премиерот Христијан Мицкоски продолжува да ја турка владината стратегија за привлекување дата-центри во Македонија и денеска откри дека се водат разговори со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори, меѓу кои, како што рече, има и голема мултинационална компанија.
СДСМ тврди дека предупредувањата за засилено присуство на српски медиумски компании во Македонија добиваат потврда по реакцијата на националните телевизии и Македонската радио-телевизија за начинот на кој во земјава работат дел од каналите на „Арена“.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Република Северна Македонија, ...
Опозициската СДСМ обвинува дека Владата се обидува да го релативизира застојот на европскиот пат и порачува дека членството во ЕУ и стратешкото партнерство со САД не се меѓусебно исклучиви . Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави не може да биде замена за ...