TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Празник покрај Езерото: Вардар и Прилеп ја започнуваат ракометната магија во Струга!

SportStation - пред: 3 часа

Струга од денеска повторно станува епицентарот на македонскиот ракомет. Со пресметката меѓу двократниот европски шампион Вардар и екипата на РК Прилеп (од 18:30 часот), официјално започнува 54. издание на еден од најстарите и најтрадиционалните ракометни турнири во регионот.

Ракометната традиција продолжува: Струга подготвена за 54. издание на меѓународниот турнир

SportSport - пред: 3 часа

Еден од најстарите и најпрепознатливи спортски настани во земјава, Меѓународниот ракометен турнир „Струга“, продолжува и ова лето. Од 12 до 15 август, Струга повторно ќе живее со духот на ракометот, традицијата и спортската енергија.

Стартува 54 издание на Струшкиот ракометен турнир

Спорт+ - пред: 7 часа

Се е подготвено за стартот на 54-тото издание на меѓународниот традиционален ракометен турнир „Струга 2026“. Од денеска до 15 август РК Струга повторно ќе угости повеќе екипи кои низ турнирските натпревари ќе ја подигнуваат формата за претстојната, нова сезона.

Струга од денеска ќе биде центарот на ракометот — почнува 54. издание на традиционалниот ракометен турнир

Слободен Печат - пред: 7 часа

Од денеска до сабота, Струга повторно ќе биде во центарот на ракометното внимание. На игралиштето „Горан Попоски – Бабец“ ќе се одржи 54. издание на традиционалниот меѓународен ракометен турнир. На турнирот ќе настапат шест екипи, поделени во две групи.

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Шеталиште - пред: 5 часа

Денес стартова 54-тото издание на меѓународниот традиционален ракометен турнир „Струга 2026“. Учесници покрај домаќинот и организатор екипата на РК Струга е екипа од соседството, Дубочица од Лесковац која заедно со екипата на ГРК Охрид ја сочинуваат групата „Б“ .