Новата учебна година започна со 3 илјади деца помалку запишани во прво одделение, со 433 паралелки помалку и со 26 затворени подрачни училишта. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека 90 отсто од проблемот е демографски, односно се должи на намалувањето на наталитетот.
Со свечена приредба во ООУ „Киро Глигоров“ во Општина Центар денеска беше одбележан почетокот на новата учебна 2026/2027 година. По летниот распуст, во училишните клупи се враќаат околу 238 илјади ученици – 174 илјади основци и 64 илјади средношколци.
Околу 500 ученици од четврто до деветто одделение во ОУ „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар две недели, односно девет работни дена ќе учат онлајн зашто во училиштето се приспособува простор за шест нови училници за да се воведе едносменска настава.
За 238 илјади ученици – 174 илјади основци и 64 илјади средношколци денеска почнува учебната 2026-2027 година. По летниот распуст тие се враќаат на настава која ќе трае до 10 јуни в година, освен за матурантите за кои ќе заврши на 17 мај.
Новата учебна 2026/2027 година започнува утре, 1 септември, за вкупно околу 238.000 ученици во основните и средните училишта во земјава. Меѓу нив се и 14.952 првачиња, за кои утрешниот ден ќе биде прв училишен ден. Годината, сепак, започнува со намален број паралелки.