Компири, павлака и многу кромиди често се наоѓаат во кујната, но ретко завршуваат во исто јадење. Кога полека се печат, тие добиваат богат вкус и кремаста текстура, што го прави ова јадење самостоен оброк или прилог со печено месо.
Компирот е омилена намирница кај нас, па речиси секогаш го имаме дома. Постојат безброј варијанти на македонски јадења, но и на оние од светските кујни, во кои компирите се или главна намирница или прилог. Денеска ви предлагаме еден интересен, а многу едноставен рецепт.