Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
Министерството за внатрешни работи со мобилни тимови и со дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места. Полициското присуство е заради зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир, велат од МВР.
Додека политичките партии и независните кандидати ги користат последните часови од кампањата за презентација на своите проекти, ДИК ги испорача изборните материјали до сите 80 општински изборни комисии и до Градот Скопје.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари работен состанок со раководството на СВР Скопје. Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денеска оствари работен состанок со ...