Во фудбалот работите се менуваат преку ноќ, особено кога ќе се вклучи клупската ПР машинерија. Ако вчера пишувавме дека Лисандро Мартинез одбива да се извини и цврсто стои зад своите критики кон управата на Манчестер Јунајтед, денес сликата е сосема поинаква.
Иднината на Лисандро Мартинез во Манчестер јунајтед е доведена во прашање по неговите остри критики кон раководството на клубот, а постојат сериозни сомнежи дали договорот на аргентинскиот дефанзивец ќе биде продолжен кога ќе истече на крајот од сезоната.
Лисандро Мартинез стана топ тема во англиската јавност поради експлозивното и бурно обраќање кое го имаше од Мадрид по мечот со Атлетико во Лигата на шампиони, но Аргентинецот очигледно не е единствениот кој е разочаран од случувањата на теренот, но и во клубот.