Машката репрезентација на Македонија на кошаркари „Под 17“ години со пораз од Романија (син тим), 92:74, го заврши својот настап на турнирот „Рисинг старс“ во Букурешт. Домашната селекција имаше две одлично одиграни четвртини, првата и третата.
После убедливиот пораз од Романија и катастрофалната игра, македонската женска кошаркарска репрезентација денеска дојде до победа против Романија Yellow, поточно вториот тим на земјата домаќин на турнирот „Rising Stars“.
Македонија поразена од Грција во меч од 2.коло на турнирот “Рисинг Старс“ во Букурешт со 50:94 во машка конкуренција за селекции до 17.години. Противникот имаше одличен почеток на натпреварот. Во првите десет минути, грчкиот состав направи голема предност.
После убедливиот триумф над Молдавија, денеска нашата женска репрезентација „Под 17“ години запиша убедлив пораз на турнирот „Rising Stars“ во Букурешт. Селекторот, Виктор Петровски и неговите избранички беа совладани од домаќинот Романија со 58:27.