Според податоците на Министерството за здравство за состојбата во Гостивар на 29 јули, 73 пациенти побарале лекарска помош, а четворица биле хоспитализирани. Воедно, во Здравствениот дом во Гостивар се регистрирани уште 28 нови прегледи во дежурната служба.
Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење, истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски.
Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека институциите нема да дозволат водата во Гостивар повторно да се користи за пиење и подготовка на храна сѐ додека не се добијат три последователни исправни резултати од анализите.
Позитивни сигнали од терен и стабилизирање на епидемиолошката слика во гостиварскиот регион најави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. На прес-конференција посветена на актуелните здравствени предизвици, тој истакна дека новиот број на регистрирани заболени се враќа ...
Епидемијата во Гостивар покажува знаци на смирување, откако во последното деноноќие се регистрирани 71 нов случај – бројка која, според министерот за здравство Сашо Клековски, е на нивото пред почетокот на епидемијата кон крајот на јуни.