Дваесеттина лица се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата на синоќешните антивладини протести во Тирана, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита. Во Универзитетската болница во Тирана лекарска помош побарале 21 лице, меѓу кои осум ...
Нови насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија во петокот вечерта во Тирана, четврти ден по ред на протести во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад.
Кумановски м. - Булевар - 360 степени - 4NEWS - Макфакс - ПРВ.мк
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците во Италија и Албанија, каде што антивладините протести ескалираа во судири со полицијата. Демонстрантите бараат поголеми вложувања во образованието, подобри перспективи за младите и политички промени.
По насилните антивладини протести во Албанија, премиерот Еди Рама денеска ги повика граѓаните на мир и обвини странски сили за инцидентите. Протестите немаат „апсолутно никаква врска“ со тешките услови за живот во Албанија или легитимна желба за подобрување на тие услови, рече ...
Албанскиот премиер Еди Рама упати директен апел за трпение и општествена издржливост до граѓаните, децидно порачувајќи дека неговата влада нема да прави политички отстапки под притисок на уличните протести што ескалираа со насилство и уништување имот.