Со донесените измени на Законот за финансиски лизинг се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот. Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор ...
Собранието ги усвои измените на Законот за финансиски лизинг, со кои се воведуваат нови правила што треба да обезбедат поголема заштита на граѓаните, поголема транспарентност во работењето на лизинг-компаниите и посилен надзор, соопшти Министерството за финансии.
Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг.