Вулканот Анак Кракатау во Индонезија еруптираше, исфрлајќи лава и пепел три километри во воздухот, потврдија денеска официјални лица. Вулканот на островот во теснецот Сунда, меѓу најголемите острови Јава и Суматра, од синоќа еруптираше седум пати.
На социјалните мрежи се појавија снимки од неодамнешната ерупција на вулканот Килауеа на хавајскиот архипелаг. Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, еруптираше минатата среда во 04:44 часот по локално време.
Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа, на Хаваите, повторно еруптираше, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Хавајската вулканска опсерваторија (ХВО) забележа сјај на врвот на Килауеа денеска околу 16:34 часот по локално време.