Матеј Гаштаров не е единствениот ветувачки играч од Македонија стациониран на „Маракана“. Има и во младинската и кадетската селекција. Дојде време да се зборува малку за Македонците. Како потенцијално сериозен фактор во понатамошниот развој на Црвена Звезда .
Македонскиот фудбалер Матеј Гаштаров е главна тема во српската фудбалска јавност по дербито против Партизан во кое доби највисоки оценки, а според последните најави Фудбалскиот сојуз на Србија сака да го убеди тој да го носи дресот на нивната репрезентација.
Црвена Звезда стигна до победа од 2-1 против вечниот ривал Партизан во 180. дерби на двата најголеми српски клуба. Победничкиот тим имаше и македонска поддршка со оглед дека цел натпревар за Звезда одигра македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров.
Денеска од 19:00 часот на стадионот Рајко Митиќ во Белград, се игра 180. вечно дерби помеѓу екипите на Црвена Звезда и Партизан. Овој дуел секогаш буди посебни емоции, пред се во Србија секако, но и ширум светот, каде што и двата клуба имаат милиони навивачи.