Четириесет и осумгодишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната во својот дом од синот и снаата, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 5 септември во 14:20 часот во СВР Куманово.
Четириесет и едногодишен жител на Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга физички ја нападнала нивната малолетна ќерка со дрвен предмет. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 4 септември во 22 часот во СВР Велес.
СВР Штип-ОВР Берово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(39) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 05.08.2026, по претходна расправија, пријавената физички ја нападнала нејзината малолетна ќерка.