Високите температури веќе предизвикуваат здравствени проблеми кај граѓаните во Скопје. Само во текот на утрово, екипите на Итната медицинска помош интервенирале во повеќе од пет случаи на колапс на јавни места, главно кај повозрасни лица.
Слободен Печат - Нова Македонија - Вечер - Либертас - Вечер Прес
Поради најавените високи температури, Министерството за здравство, врз основа на препораките на Институтот за јавно здравје, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од топлото време со цел да се избегнат здравствени последици.
Замор, вртоглавица, забрзано дишење. Срцето чука како лудо, а на крајот престанува да пумпа крв. Така може да реагира телото кога се бори со тропските температури. Топлинскиот удар е огромен предизвик за нашиот организам.