Мексико ја победи Чешка со 3:0, а Јужна Африка ја изненади Јужа Кореја, победи со 1:0, во третото коло од Групата А на Светското првенство. Мексиканците на домашен терен, ја завршија групата со максимални три победи и без примен гол.
Репрезентацијата на Јужна Африка испиша златни страници во својата фудбалска историја! Со победата од 1-0 над Јужна Кореја во Монтереј, популарните „Бафана Бафана“ за првпат обезбедија пласман во нокаут-фазата на еден Мундијал.
Мексико Сити – Репрезентацијата на Мексико ноќеска ја победи Чешка со 3:0 во нивниот трет натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026. Мексико ги доби сите три натпревари од групната фаза на Светското првенство за прв пат во својата историја, а исто така и за прв пат ...