Познатиот кинески уролошки хирург д-р Гу Ди, од Првата придружна болница при Медицинскиот универзитет во Гуангџоу, неодамна престојуваше во Македонија, каде што ги пренесе своите искуства и напредните техники од областа на роботската хирургија.
На Клиниката за урологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје успешно беа изведени првите робот-асистирани операции кај четворица македонски пациенти со карцином на простата, информираат оттаму.