Во Србија стапи во сила 48-часовен изборен молк пред парламентарните избори во недела. Претходно, околу 150.000 луѓе се собраа во Белград на завршниот митинг на Студентската листа. Анкетите предвидуваат неизвесен исход.
Околу 150.000 луѓе синоќа, на 22 октомври, ги исполнија Славија и околните улици во Белград на завршниот предизборен собир на листата „Студентска листа, студентите победуваат“, според процената на Архивот на јавни собири.
„Народе на Србија, во изминатите две години ви дадовме сè. Во недела сите заедно излегуваме на гласање и ја ослободуваме нашата татковина.“ Со оваа порака студентите во блокада им се обратија на граѓаните на Србија, непосредно пред почетокот на изборниот молк за изборите ...