Астон Вила официјално го потврди трансферот на Оли Воткинс во Ал-Хилал. Според англиските медиуми, клубот од Бирмингем ќе добие 50 милиони фунти за англискиот репрезентативец. 30-годишниот Воткинс потпиша тригодишен договор со Ал-Хилал и ќе го носи дресот со број 11.
Англискиот репрезентативец Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, откако официјално ja напушти Астон Вила и потпиша за Ал Хилал. Трансферот вреди 60,4 милиони евра, со што саудискиот клуб доби уште едно големо засилување во нападот.