Платформата Икс зазема поостар став кон корисниците кои се обидуваат да ја злоупотребат нејзината програма за споделување приходи со креаторите, така што вештачки привлекуваат интеракции и крадат туѓа содржина.
Платформата „Икс“ (X) воведува нови мерки против кражбата на содржини, најавувајќи дека заработката од монетизирани прегледи на украдени видеа и текстуални објави ќе им биде пренасочена на нивните оригинални автори.