Градежен работник почина за време на реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона, објавија шпанските медиуми. Ова е првата смртна несреќа од почетокот на реновирањето во јуни 2023 година, пишува „АС“.
Несреќа го засени продолжувањето на реконструкцијата на легендарниот стадион „Камп Ноу“, откако животот го загуби градежен работник. Според шпанските медиуми, станува збор за 54-годишен работник кој бил тешко повреден во несреќа на градилиштето.
– ФК Барселона вети дека ќе го поддржи семејството на работникот кој го загуби животот за време на реновирањето на стадионот „Камп Ноу“, објави ESPN. Инцидентот се случил во петок, 24 јули, за време на тековните работи за зголемување на капацитетот на стадионот на 105.000 ...
ФК Барселона вети дека ќе го поддржи семејството на работникот кој го загуби животот за време на реновирањето на стадионот „Камп Ноу“, објави ESPN. Инцидентот се случил во петок, 24 јули, за време на тековните работи за зголемување на капацитетот на стадионот на 105.000 седишта.