Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција.
ДУИ прогласи победа во општина Гостивар, а нејзини кандидати ќе одат во втор круг во Струга и во Кичево. – Уште во првиот круг е затворена големата победа во Гостивар, со една длабока разлика 6:1 наспроти кандидатот на коалицијата „Вреди“.
Националната алијанса за интеграција, прогласи победи уште во првиот круг во Општините Гостивар, Липково, Чашка и Пласница. Арбер Адеми рече дека убедливо е водство и во Врапчиште, но таму нема цензус.
Демократската унија за интеграција прогласи победа во Липково и Пласница. Како што беше истакнато на прес-конференција од партиското седиште во Мала Речица, соодносот во Липково е 3 спрема 1, а во Пласница 2 спрема ...