Русија покажа дека не е подготвена за сериозни разговори, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров упати критики за содржината на неговата средба со германскиот колега, Јохан Вадефул.
Берлин денеска соопшти дека првите директни разговори со Москва од почетокот на рускиот напад врз Украина покажале оти ставовите на двете страни се „далеку едни од други“ и оти Русија сè уште не е подготвена сериозно да се вклучи во преговори за завршување на војната.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека европските земји, со снабдувањето на Украина со оружје, водат војна против Русија. „Ако признавате дека вашето оружје се користи против нас и дека ние го соборуваме, наречете го како сакате, но за мене нема ...