Ќерката на Сашка Стојаноска, Македонка уапсена во Улцињ откако со својот автомобил прегази куче, тврди дека Шарпланинецот прво го нападнал и го убил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на нејзиното семејство.
Случајот што ја потресе јавноста предизвика лавина од реакции и поделени мислења. Според информациите што се споделуваат на социјалните мрежи, жената тврди дека постапила во обид да ги заштити своето куче и своите деца, додека други сметаат дека ваквиот чин не може да се оправда.
Обвинителството во Улцињ ѝ одреди притвор за жената од Македонија, С.С., до 72 часа, поради сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави Радио телевизија Црна Гора.
Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.
Здруженијата за заштита на животните „Корина“ и „Рука-Шапи“ побараа од полицијата да ѝ одреди притвор на државјанка на Македонија која е осомничена дека намерно прегазила куче во Црна Гора. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како автомобилот неколку пати со ...