Случувањата на Блискиот Исток повторно ги раздвижија берзите, а растот на цените на нафтата, струјата и гасот отвора потреба од нова анализа на буџетските ставки. Дел од експертите веќе укажаа дека сè поизвесна е потребата од прекројување на државната каса.
Следната недела, според очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува поевтинување на дизелот и бензинот. Тој информираше дека се преговара и со Окта за дополнителен попуст, и повтори дека земјата има најниски цени на горивата во регионот.
Врз основа на берзанските движења, премиерот очекува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) следната недела да донесе одлука за намалување на цените на дизелот и бензинот. Владата истовремено преговара со компанијата „Окта“ за обезбедување дополнителен попуст Државата е ...