Познат е распоредот на РК Вардар за тековната сезона во групната фаза во Лигата на Шампионите. Денеска нашиот ракометен шампион дозна во која група ќе биде, а со тоа и кои му се ривалите во таа група Б. Вечерва е познат и распоредот или “возниот ред“.
Виена – Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла. Овие четири екипи се во групата Б.
Виена – Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад.