Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран, што е за 25 проценти повеќе од проценките на Министерството за одбрана од јули, објавуваат агенциите информации од Пентагон.
Растот на цените на горивото ги погодува Американците речиси осум пати посилно отколку остатокот од светот. Американските потрошувачи плаќаат повеќе за гориво отколку луѓето во другите делови на светот, поради прекините во снабдувањето предизвикани од војната против Иран.
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска предупреди дека ескалацијата на судири помеѓу САД и Иран може да доведе до целосно губење на контролата врз ситуацијата во Блискиот Исток. - Потребни ни се максимална воздржаност и дипломатски решенија.