„Ој девојче, девојче“ е насловот на мини албумот, кој вчера го промовираше Адријана Петрушовска. Станува збор за преработки на познати стари македонски народни песни, во ново руво, што таа ги отпеа на свој начин.
„На сите нас Македонци ни е потребно одвреме-навреме да се потсетиме од каде доаѓаме и какво богато музичко и културно наследство имаме. Не смееме да ги заборавиме нашите корени“, вели Андријана за CRNOBELO.com и не ја крие возбудата пред промоцијата на својот прв албум.