Поголемиот дел од животот го поминуваме обидувајќи се постојано да се движиме напред. Ги исполнуваме деновите со обврски, правиме планови, поставуваме нови цели и наоѓаме нешто со кое ќе го задржиме вниманието зафатено секогаш кога реалноста ќе стане непријатна.
Не сè во животот треба да се случи веднаш. И не сè што доцни е изгубено. Постојат работи што мораат да нè затекнат доволно зрели за да можеме да ги препознаеме, да ги прифатиме и да ги задржиме. Нетрпението сепак е човечко. Сакаме одговори додека прашањето уште нè боли.