Александар Васоски со неговиот тим Вардар освои само еден бод во првите две кола. Можеби неочекувано, со оглед дека јавноста очекуваше повеќе, а она што е најлошо, „црвено-црните“ немаат постигнато ниту еден гол.
Во сабота на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток од 17 часот, ќе се одигра 68. соседско дерби меѓу Вардар како домаќин и Работнички како гостин. Воедно тоа е дуел и меѓу нашите најтрофејни клубови.