Оценувајќи ја средбата со Гаши како конструктивна, Доцова во изјава за медиумите по состанокот, рече дека ја изразила и загриженоста на Софија за, како што наведе, антибугарските дејствија и палењето на двете возила на бугарската амбасада во Скопје.
Средбата на претседателот на Собранието Африм Гаши со претседателката на бугарското Народно собрание Михаела Доцова во Софија ја потврди старата, но сè уште нерешена формула во односите меѓу Македонија и Бугарија: може да се зборува за доверба, парламентарна соработка, ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска, на маргините на 13. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ која се одржува во Софија, оствари билатерална средба со претседателката на Народното Собрание на Република Бугарија, Михаела Доцова.
Делегација на Собранието во состав Африм Гаши, претседател на Собранието, како и пратениците Петар Ристески и Илир Демири, членови на Делегацијата во ПС на ПСЈИЕ, учествуваат во работа на 13. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2026 година во Софија, ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши утре ќе престојува во Софија, каде што на маргините на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе оствари билатерална средба со претседателката на бугарскиот парламент Михаела Милчева-Доцова.