Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре ќе се одржи јубилејната десетта по ред меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура на релација Охрид–Струга–Радожда.
Стартот е закажан од Градското пристаниште во Охрид во 8:00 часот, од каде учесниците ќе се движат по охридскиот кеј и низ неколку градски улици, а потоа по стариот пат кон Струга, покрај Охридското Езеро и низ живописните предели кај Калишта, ...