Асиметричниот топ повторно се издвојува како парче што може да ја разигра и наједноставната комбинација. Доволни се едно откриено рамо, необичен изрез или асиметричен долен раб за да го привлече погледот, без впечатливи бои и многубројни детали.
Спортската облека одамна не е резервирана само за терените, а враќањето на рагби-маиците е уште еден доказ за тоа. Со препознатливата јака, долгите ракави, широките пруги и контрастните детали, овие маици повторно го привлекуваат вниманието во уличната мода.