Во време кога сè е поскапо – од основните производи до јавните услуги – животот на граѓаните стана значително потежок. Во оваа реалност, електричната енергија останува еден од основните услови за живот, бидејќи се користи секојдневно, во секое домаќинство и во секој бизнис.
При неговата посета во Штип, премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за цената на електричната енергија, рече дека се прави нова методологија со која ќе се направи обид цената да остане иста, па дури и да поевтини.
Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја – најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и ...