Бидејќи пандемијата на коронавирусот ги натера луѓето да останат дома и својата работа да ја извршуваат преку компјутер, видео конференциите станаа главен облик на комуникација помеѓу вработените.
Последниве неколку месеци бројот на корисници на „Зум“ се зголемил за дваесет отсто. Според извештаите на „Блумберг“ побарувачката за услуги како видео – конференција последниве месеци забележала раст од 160 отсто.
Вредноста на акциите на компанијата Zoom Video Communications Inc. на берзата Nasdaq се зголеми за 9,7 проценти во петокот, 29 мај. Пазарната капитализација на компанијата за прв пат надмина 50 милијарди долари.