Со излезност од 46,48 отсто, граѓаните на Македонија на вчерашните локални избори гласаа за 44 градоначалници, додека втор круг заокружување ливчиња позади параванот ќе се случи во 33 општини.
Партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ, имаат значителен пад на гласовите за нецела година и пол, покажува споредбата на резултатите од парламентарните избори во 2024 и локалните во 2025 година.
Во Советот на Град Скопје на вчерашните Локални избори најмногу гласови доби ВМРО-ДПМНЕ 81.649, па Левица 27.479, „Вреди“ е трета партија со 27.337, а ДУИ четврта со 27.045 гласови. СДСМ е петта партија според бројот на гласови во Советот на Град ...