Во собраниска процедура влегоа измените и дополнувањата на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој се предвидува минимална возраст од 18 години за управување со „лесно електрично возило“ – мопеди, електрични тротинети и мотоцикл.
Електричните тротинети ќе бидат ставени под построга контрола доколку бидат усвоени предложените измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Новите правила предвидуваат ограничување на возраста, брзината и задолжителна заштитна опрема за корисниците.
Во собраниска процедура денеска, пред Интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, влегоа предлог-измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кој група пратеници бараат забрана малолетници да возат електричен тротинет.
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес во своето излагање на собраниска седница се осврна на безбедноста при управување со електрични возила. Тој кажа дека во последните години, иако појавата на електричните возила донесе поголема мобилност, ...