Елиминацијата на Вардар во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите значи и тоа дека „црвено-црните“ сега одат во понизок ранг – Конференциската лига. Следниот ривал е летонскиот првак Рига, а првиот дуел е идната недела во Скопје.
Победата на Вардар на гостувањето кај КуПС од 2-0 во регуларен дел и 3-2 по продолженија не беше доволна за пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, но донесе поени за македонскиот фудбал на рангирањето на УЕФА.