Во соседна Бугарија денеска се одржуваат претседателски избори. На изборите учествуваат 27 кандидатски двојки. Главната трка е помеѓу актуелната претседателка и поранешниот технички премиер . Според анкетите голема предност има Јотова.
Бугарија денеска, 25 октомври, гласа на претседателските избори што се одржуваат во услови на политичка нестабилност, зголемени безбедносни предизвици во регионот на Црното Море и поделени ставови за односите со Русија и војната во Украина.
Во трката се 27 кандидатски двојки. За победа во првиот круг се потребни повеќе од половината важечки гласови, но и учество на повеќе од половината избирачи. Ако двата услова не се исполнат, следува втор круг на 1 ноември.
Бугарија денес избира претседател. Право на глас имаат 6.590.000 граѓани, кои ќе можат да избираат меѓу кандидатите за претседател и потпретседател на вкупно 9.373 избирачки места во земјата. На 2.249 од нив ќе има по две машини за гласање, а вкупниот број уреди во земјата ...