Доминик Соланки за првпат ја носеше капитенската лента како играч на Тотенхем и тоа се случи во меч во кој тој прерасна во јунак, без оглед на тоа што во претходната фаза од мечот пропушти неколку големи шанси да му донесе предност на својот тим.
Роберто Де Ѕерби никако не може да биде задоволен од завршницата на неговите играчи во првото полувреме кое го одиграа против Манчестер Јунајтед, но самиот нагласи дека горд и воодушевен од пожртвуваниот дух кој го покажа тимот во најтешки околности.
Тотенхем го доби она што го сакаше дури во судиското продолжение против Манчестер Јунајтед и конечно постигна гол, а истиот беше доволен да се избегне пораз кој ќе беше целосно незаслужен со оглед понуденото во првиот дел.