Во однос на самото упатство, Судот посочува дека не се работи за поединечен, туку за општ акт со кој се даваат насоки и толкувања за примена на законски одредби, во конкретниот случај одредбите од Изборниот законик.
Во образложението на решението на Управниот суд е наведено дека Агенцијата во согласност со своите надлежности како јавен орган донела Упатство со кое го пропишува начинот на постапување во извршувањето на одделни одредби од Изборниот законик.
Основниот суд пред пет дена одбил дел од тужбата каде Левица преку времена мерка барала да се стопира исплатата на парите кон медиумите за изборната кампања. Од Агенцијата велат дека постапиле строго по Изборниот законик, а случајот повторно го ...