Кога надвор е студено и влажно, алиштата често се сушат во затворен простор, каде што можат да стојат со денови, зголемувајќи ја влажноста во просторијата. Неколку едноставни чекори можат да го забрзаат процесот на сушење и да го намалат ризикот од појава на кондензација и мувла.
Сушењето алишта за време на дождливите есенски денови може да потрае многу подолго од вообичаеното. Алиштата стојат на сушарата со часови, тешко се сушат, а во станот може да се појави непријатен мирис на влага.