На 7 и 8 ноември (грегоријански календар), се случил еден од најбитните настани во светска историја, а тоа е избувнувањето на Октомвриска револуција (позната и како Болшевичка револуција), што е втората и воедно клучна фаза на Руската револуција од 1917 година.
На 7 ноември 1917 година болшевиците ја презеле власта во Петроград. Името на револуцијата останало врзано за јулијанскиот календар, според кој тогаш бил 25 октомври. Октомвриската револуција се поврзува со 7 ноември поради разликата меѓу календарите.