Македонската младинска ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Романија со пораз од Србија од 30-34, во натпреварот за конечен пласман. Најефикасен во македонскиот состав беше Мартин Крстевски кој постигна 11 голови.
Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години ќе игра за 19. место на Европското првенство во Романија, откако вчера беше поразена од Полска со 33-32 по изведување на пеналите (5-4) за противникот.
Македонската младинска ракометна репрезентација до 20 години втор пат се израдува на Европското првенство во Романија. По тешкиот почеток во групната фаза, избраниците на селекторот Игор Илиевски ги консолидираа своите редови на теренот.