Вработувањата на Клиниката за детски болести, односно недостигот на кадар за кој говори директорот Реџеп Мемеди, предизвикаа несогласувања меѓу него и Министерството за финансии. Мемеди се жали дека уште од првиот ден како директор се соочувал со голем притисок од одделенијата ...
Детската Клиника почна да ги бере плодовите од тоа што нема персонал. Вработени во Детската Клиника, утринава во „Слободен печат“ дојавија дека директорот на Клиниката доктор Реџеп Мемеди во петокот го затворил одделот за имунологија на клиниката, кој постоеше со децении.
Одделот за имунологија на Клиниката за детски болести ќе се спои со Одделот за пулмологија оти има недостаток на медицински сестри, кажа директорот Реџеп Мемеди. Тој рече дека Одделот за имунологија не е укинат туку поради недостигот на медицински кадар е направено спојување.