Пред концертот на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета, кој вечерва се одржува во Арената „Тодор Проески“ во Скопје, пред публиката настапуваат Семпре и диџеј Никифор. Вратите на Арената беа отворени во 17:00 часот, додека програмата започна во 20:00 часот.
Посетители што пристигнаа после 17 часот на арената „Тодор Проески“, со цел да ја проследат прославата за Денот на независноста со диџејот Дејвид Гета, на горните делови од скопскиот стадион можеа да забележат седишта во незавидна состојба.
МВР сè уште нема објавено кои улици точно ќе бидат затворени утре, 8 септември, по повод концертот на Дејвид Гета во Скопје. Официјално е потврден само посебен сообраќаен режим на приодите кон Националната арена „Тодор Проески“ и на булеварот „Илинден“, без точни делници, часови ...
„Ако утре до 20 часот немаме барем 25 000 луѓе внатре ние тешко ќе го изведеме ова до крај, ако 50 000 тргнат тогаш да влегуваат внатре. Тоа не е до нас. Ги молам луѓето најкултурно на флексибилност и разбирање и да дојдете да се забавувате што е можно порано, а не да дојдете ...