„СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за ...
ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири паника околу квалитетот на водата од селска чешма во Кривогаштани, откако тој предупредил дека водата е загадена. Од партијата велат дека Филипче темата ја отвора додека е на одмор во Грција и го обвинуваат дека ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи ја опозицијата за ширење, како што велат, дезинформации и создавање паника кај граѓаните во врска со безбедноста на водата за пиење.
Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните. Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје.