Ова што го имаме во Македонија не е демократија. Ова е партократија гарнирана со бизнисократија. Не се судираат различни струи во врска со тоа како да се обезбеди подобро управување на државата во полза на граѓаните, туку различни бизнис интереси облечени во партиска облека.
Професорката Мирајна Најчевска, која важи за остар критичар на случувањата во земајва, утрово преку социјалните мрежи се осврна на поставувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење за нова специјален пратеник за ЕУ.