Денеска (15 јули) од 20 часот, на големата сцена на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе биде изведена претставата „Годо“, инспирирана од култното дело „Чекајќи го Годо“ на ирскиот драматург, поет и романописец Семјуел Бекет. Режисер е Ѓорѓи Ризески.
„Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет е најнов предизвик за повеќе театарски уметници, предводени од режисерот Ѓорѓи Ризески и од актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски. Народнот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” од Велес, Центарот за култура „Ацо Шопов“ (Театар Штип) и Центарот за ...