Разни честитки, повици за обединување, но и критики за досегашните политики — дојдоа денеска од функционерите и партиите од целиот политички спектар, кои на свој начин упатија пораки по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.
Шеталиште - Кумановски м. - ТВ21 - 24 Вести - Скопско Ехо - Вечер
Македонија денес го одбележува 8 Септември – Денот на независноста, еден од најзначајните датуми во современата македонска историја. Пред точно 35 години, на 8 септември 1991 година, граѓаните на референдум со огромно мнозинство се изјаснија за суверена и самостојна држава.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста, осврнувајќи се на историскиот континуитет на македонската државност и европската иднина на земјата.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка по повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија во која порачува дека имаме генерациска одговорност да ги завршиме неодложните задачи: да ги искорениме криминалот и корупцијата, да воспоставиме ...